Македонија
19. January 2022 - 12:47

Водата од хидросистемот Злетовица е со врвен квалитет покажуваат резултатите

Водата од ХС „Злетовица“ е со врвен квалитет и и ги исполнува сите стандарди за водоснабдување на населението, покажале резултатите од анализата направена во Институтот за јавно здравје во Белград, соседна Србија. Сепак, за да се започне со нејзина дистрибуција низ штипскиот водоводен систем, потребни се одобренија и дозволи од повеќе македонски реелвантни институции.

-Се надевам дека, доколку ги проследиме сите потребни технички документации, постапки и одлуки на Советото на Општина Штип и други активности, кои протокаларно мора да ги спроведеме, официјално некаде од 1-ви март би можеле да ја пуштиме водата од ХС „Злетовица“ во системот на ЈП „Исар“, кое веќе имасклучен договор со ова јавно претпријатие- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Водоснабдувањето на Штип со водите од ХС „Злетовица“ е од особена важност за рентабилно работење на ЈП „Исар“, кое во моментот градот го снабдува со вода од бунарскиот систем, кој троши енормни количини електрична енергија. Бидејќи, од 1-ви јануари „Исар“ се најде на отворниот пазар за електрична енергија, се очекува првата фактура во 2022-та година да биде за 4 пати повисока, односно наместо досегашните 5, за струја да мора да се платат 20 милиони денари месечно.