Македонија
5. July 2019 - 19:44

Водата кај одмаралиштето Партизан загадена

Државниот здравствен и санитарен инспекторат издаде забрана за користење на плажата за спорт и рекреација кај одмаралиштето Партизан и достави решение до општина Охрид да се постави предупредувачка табла на овој езерски дел.

Додека во останатиот дел од  езерото водата е безбедна, најголемиот број примероци од Охридското езеро,  95%,  кои се земени и анализирани се со добар квалитет и можат да се користат за капење,спорт и рекреација велат од Центарот за јавно здравје.

 

Нина Аритоновска