Балкан
16. јуни 2018 - 19:40

Водата голта улици, влезе во куќите, наредена итна евакуација

Силно невреме вчера ја зафати Србија, проследено со силен ветер, дожд, град и грмотевици, а водата носеше се пред себе на улиците.

На делови е прогласена вонредна ситуација. Штети претрпеле повеќе од 20 населби.

Поплавени се неколку села, распукани се и патишта од водата.

Водата влегла и во многу куќи.

Невреме е најавено и за денеска.