Бизнис
18. July 2016 - 12:39

Во Зрновци продадени плацови за мали стопанства

Продадени се пет од планираните осум парцели во урбанизираната зона за мало стопанство во Општина Зрновци. На две од нив веќе се градат индустриски капацитети, едниот наменет за млин за жито и за откуп на житни култури, додека вториот за млекарница. 

 
- Индустриската зона е со решена комунална инфратсруктура, зафаќа два хектара и е предвидена со урбанистичкиот план на Општина Зрновци, на патот Зрновци- Мородвис е лоцирана. Од расположивите осум плацови зацртани во неа, за продажба остануваат уште три за кои има интерес од стопанственици од Кочани, изјави градоначалникот Блаже Станков.
 
Објектот наменет за млекарница е во завршна фаза. Останува уште монтирањето на опремета.
 
На останатите три продадени парцели изградбата на објектите се очекува да почне деновиве.
 
Во  близина на оваа зона се урбанизирани уште седум градежни парцели кои се во приватна сопственост, а се наменати за лесна иднустрија.
 
Општината работи и на проектот „Купи куќа за млади“, со кој се обезбеденби 110 плацови за градба. Според Станков, во населеното место Зрновци урбанизирани се 30 парцели во месноста викана „Жикова меѓа“, во населното место Мородвис 60 парцели, во местото викано „Овоштарник“ и во населеното место Видовиште 20 парцели во месностите викани „Бањиште“ и „Оризни гумна“.
 
Станков информираше и за изработката на урбанистичка планска документација за населените места Зрновци, Мородвид и Видовиште, проект на општината Зрновци добиен преку Источниот плански регион и подржан од Агенцијата  за финансика подршка во земјоделството и руралниот развој.