Бизнис
14. October 2020 - 16:39

Во зоната Ќојлија отворен најголемиот погон во Европа за производство на медицински канабис

Почна со работа првата фабрика за производство на медицински канабис во земјава. Производството е според сите европските и светски стандарди, погонот располага со најсовремена хемиско физична и микробиолошка лабораторија што гарантира непречен извоз.

Владата го поттикнува развојот на овој сектор и за таа цел во процедура се измени на законот за опојни дроги што треба да донесат повеќе инвестиции.

Новиот погон во зоната Ќојлија во општина Петровец се протега на над 17.000 метри кавдратни и се смета за најголем во Европа.