Свет
18. May 2016 - 21:48

ВО ЖИВО: Заложничка драма во Москва

Најмалку осум лица беа заглавени во банка во Москва, откако вооружено лице упаднало во зградата, но петмина се ослободени.

Како што пренесуваат руските медиуми, осум клиенти и членови на персоналот биле заробени во просториите на банката, во источниот дел на Москва, а киднаперот веднаш потоа ослободил пет лица.

rusija-zaloznicka drama

Засега неидентификуван човек во објектот извадил огнено оружје, упаднал во канцелариите и побарал да му се исплатат пари.

Според неофицијалните информации, напаѓачот влегол во банката, по што вработените ја алармирале полицијата, а тој се забарикадирал во една од канцелариите, грабнувајќи осум лица.

Специјалните полициски единици се испратени на местото на инцидентот.