ВО ЖИВО: Тероризам во Брисел
Најмалку 11 луѓе загинаа, а 20 други се повредени денеска при експлозија на бриселскиот аеродром „Завентем“, јавуваат локални медиуми.
Според „Раша тудеј“, биле регистрирани две експлозии на терминалот за летовите на компанијата „Американ ерлајнс“.
Засега не се познати причините за експлозијата.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, протипожарната единица на главниот град на Белгија ја потврди експлозијата, што се случи утринава во 08:00 часот и која предизвика и сериозна штета на предниот дел на аеродромот, кај влезот наспроти хотелот „Шератон“.
Според белгиската националната франкофонска телевизија РТБФ, аеродромот е затворен, забранети се полетувања и слетувања на авионите, евакуирани се сите лица и патници, а затворена е и железничката станица на „Завентем“.
Очевидци на настанот изјавија дека неколку луѓе лежат повредени на тротоарот пред влезот на меѓународниот аеродром. Сите приоди и излезни патишта кон бриселскиот аеродром се затворени, а полицијата детално го претресува секој автомобил и сомнителни лица.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор