Македонија
15. July 2020 - 23:37

ВО ЖИВО: Следете ги последните изборни резултати тука

Државната изборна комисија се соочува со технички проблеми на сајтот каде требаше да ги објави прелиминарните резултати од денешните предвремени избори.

Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем, на чие надминување работат ИТ експерти. 

Предмалку, преку официјалната Facebook страница, ДИК сподели линк до стрим на каналот на YouTube каде може да се следат резултатите во живо.