Македонија
27. September 2021 - 16:57

ВО ЖИВО: Прв ден кампања за локалните избори - кој од каде поаѓа и со какви пораки?

Скопје да стане модерна метропола со брз и ефикасен јавен превоз, а скопјани да живеат во поздрава животна средина. Ова се дел од ветувањата на кандидатите за градоначалници на главниот град, кои денеска официјално ја започнаа кампањата.
Независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, ветува  брзи решенија за модерен град и подобар живот на скопјани, како бесплатен јавен превоз, запирање на неконтролираната градба, нови паркови, чист воздух.

Актуелниот градоначаник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, од граѓаните ја бара довербата за втор мандат за, како што рече да продолжат проектите со кои се решаваат проблемите на скопјани.

Кандидатот на Твоја партија, Александар Тортевски, ветува намалување на градската администрација, но и решавање на сообраќајниот хаос преку паметни семафори и метро.

Кампањата за локалните избори трае до 15 октомври.