Македонија
2. September 2018 - 13:17

ВО ЖИВО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

Во 13 часот ќе започне големиот сенароден марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

-Овој договор, што е сега склучен, нема да ја надомести штетата што се прави во севкупниот живот на граѓаните. Македонија не може да стане дел ниту од ЕУ, ниту од НАТО со вакво водење на државата Поради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани сплотено и заедно да присуствуваат на големиот сенароден протестен марш со почеток од 13 часот кај автобуската станица, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево.