Македонија
8. September 2018 - 12:40

ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Заев и канцеларката Меркел во Владата на РМ

Македонскиот премиер Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во својата прва официјална посета на Македонија, во моментов во холот на Владата оддржуваат заедничка прес конференција. 

Високата гостинка од Германија пред еден час на платото пред Владата со сите државнички почести беше пречекана од премиерот Заев и неговите најблиски соработници.

Меркел е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.

Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа, но и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија. 

https://