Кошарка
3. August 2019 - 15:22

Во живо: Македонија - Израел за место во финалето Евробаскетот

 
 
Вниманието на македонската спортска јавност денеска е насочено кон Романија, каде јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија игра во полуфиналето на Европскиот шампионат. 
 
Македонската репрезентација на кошаркари до 18 години, предводена од селекторот Тони Симиќ се бори за место во финалето на првенството што се одржува во  Ородеа. 
 
Задачата нема да биде нималку лесна имајќи в предвид дека противникот Израел како и нашата селекција до полуфиналето стигна со максимални шест победи. 
 
Оттаму и овој полуфинален меч го доби и епитетот „финале пред финалето“.   
 
Победникот од овој натпревар, во финалето ќе игра против подобриот од првиот полуфинален меч меѓу Полска и Чешка. 
 
Поразените селекции ќе играат во дуелот за третото место, а покрај за бронзениот медал ќе се бори и за пласман во елитната „А дивизија“ на шампионатот догодина. 
 
Натпреварот, Македонија - Израел кој ќе започне од 19 часот и 45 минути, може да го гледата на официјалната „Youtube“ страна на ФИБА односно на следниот линк 
 
                                ЖИВО - 1/2.финале МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ