Свет
21. August 2017 - 19:20

ВО ЖИВО: Гледајте го затемнувањето на Сонцето, се случува еднаш во животот

Американците денеска имаат можнст да го гледаат целосното затемнување на Сонцето, најголемо во последните 99 години, а остатокот од светот можат овој необичен феномен да го следат предку Твитер.

Денешното помрачување на Сонцето е важно за научниците, зошто станува збор за моментот кога можат да го проучуваат горниот дел од атмосферата на Сонцето, кој обично е невидлив.

Затемнувањето почна на американската сојузна држава Орегон во 10 часот по локално време, а ќе заврши во Јужна Каролина околу 15 часот по локално време.

За тоа време, луѓето кои не живеат во Америка, а сакаат да го видат затемнувањето, тоа може да го сторат на Твитер, на каналот "The Weather Channel".