Македонија
18. May 2021 - 10:09

Во земјава пристигнаа 9.360 вакцини од Фајзер

Вчера, во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот Фајзер, информираат од Министерството за здравство.

4.680 дози од пристигнатите фајзерови вакцини се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19. Според договорот, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори  во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

До крајот на мај во Република Македонија треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија.

Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.