Македонија
9. July 2015 - 13:17

Во Здравствен дом Скопје вработување за 43 лица на неопределено време

ЈЗУ Здравствен дом Скопје ја реализираше трансформацијата на работниот однос на 43 лица на неопределено време ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело и/ или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работа.

Согласно Законот, соопшти Здравствен дом Скопје, трансформацијата е извршена во три групи со тоа што првата група од 15 лица се вклучени во редовниот работен процес, со што е обезбедено кадровско зајакнување кое значително ќе придонесе во понатамошниот тек на давање квалитетни здравствени услуги.