Во завршна фаза изградбата на преминот и тротоарите на улица „Железничка“ во Куманово
Во завршна фаза е изградбата на преминот и тротоарите на кумановската улица „Железничка“, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
По завршувањето на вториот асфалтен слој, улицата повторно ќе биде пуштена во употреба.
– Благодарност за разбирање на граѓаните поради времениот сообраќаен режим на оваа траса во градот, напиша Димитриевски.
Преминот, односно мостот е граден пред децении и не соодвествува со сегашните потреби на градот. Куманово се вклучи во инвестиција на преминот, откако претходно Јавното претпријатие за државни патишта почна со реконструкција на регинален пат од влезот на Куманово кон левата страна кон тамошните населби и села.
Општината, претходно во соработка со СВР Куманово изврши измена на сообраќајниот режим во тој дел од градот и воведе забрана за движење на возила и пешаци. Сообраќајот се пренасочува кон улицата „11 Ноември“ кон населбата Бедиње. За реконструкцијата на мостот, Куманово одвои 4,1 милиони денари.
Инаку, реконструкцијата на регионалниот пат Куманово-Никуштак која ја реализира Владата, преку Јавното претпријатие за државни патишта почнува од влезот на Куманово, поминува низ населбата „Железничка Станица“, селата Черкези, Љубодраг, Ново Село, Умин дол до липковското село Никуштак.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар