Свет
21. May 2016 - 18:52

Во затворите на сирискиот режим починале најмалку 60 илјади лица

Најмалку 60 илјади луѓе починале во затворите на сириската Влада, како последица на тортура и нехумани услови изминатите пет години, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Директорот на Центарот Рами Абдел Рахман изјави дека тие податоци се собрани од извори на режимот. 

- Од март 2011 година досега најмалку 60 илјади лица починале како последица на тортури или недостиг на лекови и храна, додаде тој.

Рахман нагласи дека нејголем број смртни случаи се забележани во озлогласениот затвор Сајднај, како и во затворите со кои управува разузнавачката служба на силите за безбедност.