Балкан
17. December 2016 - 18:10

Во Загреб уапсени петмина демонстранти поради усташки поздрав

Најмалку пет демонстранти се уапсени денеска пред седиштето на Социјадемократската партија (СДП) во Загреб, а меѓу нив и лидерот на Автогтоната хрватска партија на правото (АГСП) Дражен Келеминац, кој претходно пред просториите на Српското народно собрание со насобраниот народ го извикуваше усташкото мото „За дом спремни“.

Келеминец е уапсен откако го извикувал усташкиот поздрав. Другите лица се проведени поради навреда на полицајци, а еден од нив извадил и шравцигер, поради што е приведен поради напад на службено лице.

Денешниот протест е одржан порадик заклучокот на хрватскиот Сабор за отстранување на неодамна поставената спомен-плочата за загинатите припадници на Хрватски одбранбени сили (ХОС)  во Јасеновац, на кои пишуваше  „За дом спремни“.

На протестот беше и актерот Божидар Алиќ кој се заложи за лустрација на хрватското општество, но и на ХДЗ и на СДП, а најави и формирање на Хрватско радикално нациоанлно движење.

Протестот продолжи и пред седиштето на СДП, каде Келеминец ги навредуваше членовите на партијата.

Насобраниот народ го извикуваше усташкиот поздрав, а дел од нив носеа и такви амблеми.