Во вториот квартал зголемен бројот на превезени патници во патничкиот сообраќај
Во второто тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.840.000, во железничкиот превоз 170.000, во градско-приградскиот превоз 20.633.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 462.878, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 8,4 отсто, во градско-приградскиот превоз за 7,9 отсто, во железничкиот превоз за 2,4 отсто, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 34,7 отсто.
Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 67 отсто, во воздухопловниот превоз за 0,5 отсто, додека во железничкиот превоз е забележано намалување за 31,5 отсто.
Во однос на првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 78,3 отсто, во воздухопловниот превоз е намалено за 21,5 отсто, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 33,3 проценти.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите