Бизнис
26. јуни 2016 - 16:35

Во втората половина на годината, ќе се реализира инвестициски циклус од 5 нови инвестиции

Нов инвестициски циклус почнува втората половина од годината. Лидерот на владејачката партија вчера најави 5 нови инвестиции, од кои само едната е вредна половина милијарда евра. Вкупно ќе отворат 950 работни места,а индиректно ќе се ангажираат уште 1,000 лица. Конзорциумот Еуромакс ресорсис  во септември или октомври почнува со градба на рудникот Иловица , чии резерви според проценките изнесуваат над 500 милиони тони руда,  годишниот капацитет е околу  10 милиони тони руда од кои 2,7 тони злато и речиси  16 илјади тони бакар.

- Нивниот план е при градежните работи да бидат ангажирани околу 1000 градежни работници, а во фаза на експлатација над 600 рудари, и други вработени. Ова ќе биде значителна инекција особено за југоисточниот дел на Македонија и значително ќе придонесе за зајакнување на извозот, но и развој на рударската дејност. Овој огромен рудник за злато и бакар ќе биде нов мотор не само на економијата во струмичкиот и регионот на југоисточна Макеоднија, туку и нов мотор на македонската економија,  вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Со преработка на руда ќе започне и новата инвестиција  која ја најави Груевски чиј сопственик е со потекло од Македонија. Ќе инвестираат 2 милиони евра  во охридскиот регион и за почеток ќе вработат 100 лица. Наскоро и бугарската компанија Минстрој треба да ги рестартира Злетово и Тораница, при што 1,000 рудари од Пробиштип и Крива  Паланка  ќе се вратат на своите работни места.

За една недела Технокозе треба да започне со градба на третата по ред фабрика,во Бунарџик,  каде најавени се 100 вработувања. Во слободната зона  во септември стартува и германски Кеслер, кој веќе отвори технолошко развоен центар во Македонија и првите работници ги прати на обука во Германија

- Втората фаза е отворање погон за производи од електромашинската индустрија. Изградбата на фабриката почнува во септември и треба да биде готова во првата половина од идната година. Ќе се почне со 50-ина вработени.

Во Скопје ќе инвестира и германска компанија од информатичкиот сектор, која  изнајмила деловен простор и почнала со регрутација на првите од 100 работници кои ќе бидат  ангажирани. Од почетокот на годината почнаа или најавија дека ќе инвестираат и 18 други компании.  Меѓу нив Би ер џи од Индија, Џерман Електроник од Германија, Џонсон  Контролс, која ќе вработи 2,500 лица во струмица. , германски Акомпласт која ја грдаи фабриката во Прилеп и најави 400 вработувања до крајот на годината,. Симфони Солушнс, со 200 вработувања , компанија од металуршката индустрија со 100 вработувања, а во Кочани наскоро почнува кинеска инвестиција за произодство  на опрема за оризопроизводство со системот капка по капка.