Македонија
27. August 2015 - 16:21

Во втората фаза за 2100 пензионери бесплатна бања и викенд

Наредната недела продолжува со реазлизација втората фаза од проектите бесплатна бања и викенд за пензионерите. Оваа година околу 1250 пензионери ќе ја искористат можноста за бесплатна бањско климатска рекреација, а околу 950 ќе прошетаат на бесплатен викенд.

- Вкупно 2.200 пензионери во периодот од септември октомври ќе ги искористат целосно бесплатните услуги од овие проекти кои наидоа на огломен интерес и задоволство кај оваа категорија граѓани кои им помагаат да се социјализираат, да се рекреираат, да стекнат нови пријателства, им помагаат да имаат поквалитетен живот, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

За овие два проекти годинава се обезбедени околу 48 милиони денари за околу 8500 пензионери. Министерот Спасов најави дека во септември ќе биде распишан оглас за истите проекти и за наредната година.

- На ваков начин се приодонесува за создавање на подобри услови за пензионерите во Македонија за квалитетот на нивниот живот. Тоа, за нив ќе значи дека и третото доба може да биде достоиснтвено и оти активно и здраво можат да стареаат, рече Драги Аргировски, претседател на Сојозот на пензионери на Македонија.

Во меѓувреме 50-тина пензионери сместени во домот во Автокоманда добија подобри услови за живот. По 30 години од изградбата реновирана е оваа установа.

Продолжува и реновирањето на пензионерските домови во Аеродром,Чаир и Куманово.