Македонија
11. јуни 2020 - 19:36

Во време на најголема експанзија на корона кризата неодговорно однесување на партиите во земјава

Во екот на најголемите бројки на зарзени од корна вирусот во земјава  и тоа со над 120 заболени само во главниот град политичките партии на големо договараат избори и брифираат за датум за изборно соочување на само три до четири недели од сега. Наместо за излез од здравствената и екномската криза, како што порача и еврокомесарот Оливер Вархеј, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се уште зборуваат за  избори на лето.

 Епидемиолошките критериуми за сурово строги. И не е за верување да бидат задоволени. Така што, одлуките секогаш се политички, а тоа значи компромисни. На носителите на одлуките е да ги стават на вага здравствените ризици заради епидемијата, од една страна и другите ризици  - закана за финансиски банкрот, економски колапс, социјална катастрофа, влошување на општата здравствена состојба на населението, од друга страна. И врз основа на мудра и одговорна процена, да донесат одлука за отимален термин, вели епидемиологот Даниловски.

Денеска иако без официјални изјави од СДСМ за избори кои ги бараат на почетокот на јули, од владејачката партија стигнуваат брифинзи дека за нив изборите се на 5 јули. Единствените отстапки што би можеле да ги направат се до 10 јули, односно одржување на избори во работен ден, најверојатно 8 јули среда, со цел излезноста да биде поголема. Од владејачката партија велат дека институциите добро се справуваат со пандемијата и дека избори со здравствени протколи не се закана по здравјето на граѓаните.

За датум не говорат ни од ВМРО-ДПМНЕ,но во текот на разговорите, како штооткриваат извори, ја отвориле можност да прифатат избори во текот на летото. Од опозициската партија велат здравствената состојба се уште е лоша.

И од ДУИ, велат здравјето на граѓаните им е пред се, но остануваат дека 5 јули е добро компромисно решение и тие се за овој датум.

Во меѓувреме и Владата го отвори патот за избори на 5 јули со тоа што донесе уредби за изборни дејствија. Таа синоќа ги задолжи министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија веднаш да почне со прочистување на Списокот веднаш дури и во овие последни денови од тековната вонредна состојба.

Од ДИК велат дека се подготвени иако Уредбата се уште не е стигната, но првиот човек на Комисијата коментира дека кога вонредната состојба ќе престане, на сила треба да стапи Изборниот законик и подолгите рокови што тој ги предивдува.

Деркоски е загрижен и за организирање на избори во ваква здравствена состојба.

Владата донесе уредба и за набавка на пенкала и заштитна опрема потребни за денот на изборите.

По ваквите уредби на владата, јасно е дека таа нема да побара нова вонредна состојба. Се останува во рацете на шефот на државата Стево Пендаровски. Тој утре ќе има свое обраќање во кое, како што најавуваат од неговиот кабиент, ќе ги расчисти дилемите околу тоа дали ќе има ново продложување на вонредната состојба, како и околу изборите и евентуални лидерски средби.