Македонија
19. November 2021 - 11:04

Во возило на скопјанец пронајдени мигранти од Куба

На 18.11.2021 во 21.10 часот на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје.

При контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба - Д.Х.А.А.(31), М.Р.Ј.А.(25) и И.Ц.В.А.(27). Лицата биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.