Во војната во Сирија досега загинаа 340.000 лица
Повеќе од 340.000 лица загинаа во Сирија, од почетокот на конфликтот пред шест и пол години, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права
Невладината организација за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија, која располага со широка мрежа на информатори во Сирија, ја документирала смртта на 343.511 лица од средината на март 2011 година и тековниот месец. Меѓу убиените 102.618 биле цивили, меѓу кои 19.000 деца и 12.000 жени.
Загинале повеќе од 119.000 борци од провладините сили. Меѓу нив има 62.000 сириски војници и 1.556 припадници на либанското шииутско движење Хезболах.
Убиени се околу 59.000 борци од бунтовнички групи и од Сириските демократски сили, курдско-арапска унија, поддржани од САД.
Загинале и повеќе од 62.000 џихадисти, вклучувајќи ги и припадниците на терористичката „Исламска држава“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер