Македонија
2. јуни 2016 - 10:18

Во Виница промовирана книгата „Ова е ваше време“ од Десанка Николова

Во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Виница синоќа пред поголем број ученици и љубители на поетскиот збор беше промовирана стихозбирката за деца „Ова е ваше време“ од поетесата Десанка Николова од Велес.

- Промоцијата ја реализиравме со учениците од ова училиште во Виница со желба стиховите наменети за најмладите читатели да допрат до оние за кои се наменети. Со оваа промоција го продолжуваме караванот на поетски читања и средби со читателите, кој по Кочани се реализира и во Виница, изјави Љупка Стојменова, претседател на Здружението за наука и уметност „Стари поток“ од Кочани.

Стоименова информираше дека во рамки на промоцијата се донирани книги за училишната библиотека во ОУ„Гоце Делчев“ во Виница, а во Кочани во Основното училиште „Никола Карерв“ за учениците од целодневниот престој се донирани играчки и едукативни игри.