Македонија
19. November 2018 - 13:36

Во Ветерината станица во Велес третирани околу стотина кучиња скитници

Во Ветеринарната станица во Велес месечно се третираат 20 кучиња скитници или досега само стотина, од нив 25 се вдомени како миленичиња.

Како што потенцира  градоначалникот Аце  Коцевски тоа не е доволно, но толкави се капацитетите на Ветеринарната станица. Тој појасни дека добил писмено известување од Владата за решавање на овој проблем во земјава

Владата  задолжува две институции, како и Заедницата на општините во Македонија-ЗЕЛС  заеднички да работат на изготвување нова законска регулатива  за да се најде трајно, одржливо решение за големиот проблем со кучињата скитници во земјава.

Воедно тој информира дека досега во Велес во Ветерината станица, се третирани околу стотина кучиња скитници или по 20 месечно.

-Толкав е капацитетот со кој располага Ветеринарната станица, станува збор за  стерилизација или неопходни хирушки интервеции на некои од овие кучиња. Од тие причини само сто кучиња скитници досега  се третирани, а  од кои само две се аутаназирани, едно од нив од природна смрт, а другото од други причини. Исто така од 25 од овие кучиња се вдомени како миленичиња. Десет од нив се вдомени во Велика Британија, рече Коцевски.

Тој упати апел до граѓаните кои се љубители на кучиња, да пројават поголем интерес за згрижување на третираните кучиња како нивни домашни миленичиња.

Коцевски појаснува дека тоа што досега го прави Општината, за жал е недоволно поради ограничени можности.

Градоначалникот појаснува дека и понатаму продолжуваат судските процеси против општината со тужби од оштетени граѓани каснати од кучиња скитници, а чија оштета е на сметка и штета по општинскиот буџет.