Македонија
3. September 2018 - 15:40

Во Ветеринарна станица Неготино започна микрочипирањето на домашни миленици

Во Ветеринарната станица Неготино започна микрочипирањето на кучињата домашни миленици. Од Станицата денеска информираа дека Лео било првото микрочипирано куче, а оваа постапка веќе била спроведена над неколку домашни миленици. 

- Целата процедура е бесплатна. Сопствениците на кучиња треба само со себе да носат валиден документ како лична карта, заради идентификација. Потребни се и 120 денари за пасош на домашниот миленик. Со мирочипирањето, податоците за секое куче се внесуваат во базата на податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, појаснија оттаму.

Од станицата ги повикаа сите сопственици на домашни миленици, да ја извршат оваа законска обврска и да добијат пасоши за омилените животни од Ветеринарната комора.