Свет
16. јуни 2016 - 16:47

Во Венецуела апсења поради кражба на храна

Околу 400 луѓе уапсени во Венецуела поради големите крабежи на маркетите. Пред два дена организирано граѓаните на оваа Јужноамериканска држава почнаа да ги ограбуваат продавниците поради гладот и сиромаштијата кои владеат. Левичарскиот претседател Мадуро и десничарската Влада меѓусебно се обвинуваат за кризата во земјата. Едно лице е застрелано од полицијата поради нередите во градот Кумана.

Европското фудбалско првенство се повеќе наликува на политичка арена. Франција го протера радикалниот десничарсничарски водач на руските навичи Александар Шпригин заедно со уште 20 хулигани кој учествувале во тепачките со англиските навивачи. Кремељ возврати со протестна нота до Францускиот Амбасадор во Русија.

Шпрегин во јавноста е познат како близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Во меѓу време, англиските навивачи се судрија со француската полиција во градот Лил. Полицијата уапси 36 англиски хулигани.

Европската Унија треба да почне дијалог со Русија за повлекување на санциите – Порача претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер на економскиот самит во Санкт Петербург.

Истражувањата на обединетите нации покажуваат дека Исламската Држава извршила геноцид над Јизидите.  Паоло Пинеиро кој ја води комисијата за Сирија и Ирак истакна дека Јизидите се народ кој претрпел најмногу убивање, тортура, етничко чистење и сексуално злоставување од ИСИЛ.

Во Ирак и Сирија живат околу 400,000 Јизиди.