Македонија
19. August 2017 - 19:36

Во велешкото село Џидимирци втор ден гори нискостеблеста шума

Пожарот кај велешкото село Џидимирци, втор ден е активен, изјавија за МИА, од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес
 
Гори нискостеблеста дабова и друга шума и трева, а на терен со огнената стихија веќе втор ден се борат вработени од ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
 
Ова село е 27 километри оддалечено од Велес и неговиот атар допира до границите на Општините Свети Николе и Петровец, односно со Овчеполието и Скопската котлина. Во атарот на селото преовладуваат шумите кои се затапени на површина од 893 хектари.
 
Инаку, утрово изби уште еден пожар после тунелите на железничката пруга Велес-Битола кај Богомила. Со брза интервенција на вработените во ЈП „ШС „Бабуна“ од Велес пожарот бил изгаснат околу 11:30 часот, информираат од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес.