Македонија
16. August 2015 - 16:29

Во велешко Сливник се проширува училиштето поради зголемен број ученици

Во нови училиници ќе се одржува наставата во велешкото село Сливник. Се доградува нов објект а ќе се реконструира и старата училишна зграда.

До сега 80-мината основци настава следеа во две училници.

Проширувањето на училишната зграда следи по реакции на родителите. Тие лани еден месец ја бојкотираа наставата.

Се жалеа дека училниците се претесни да ги примат сите ученици. Инаку во Сливник скоро секоја година се зголемува бројот на новозапишани првоооделнци.

Доградбата и реконструкцијата на училиштето во Сливник ја финансира министерството за образование.

Градежните работи чинат над 5 милиони денари. Објектот треба да биде готов до крајот на ноември.