Македонија
30. November 2020 - 17:26

Во велешката болница има слободни места на двете ковид – одделенија

Во велешката болница хоспитализирани се  вкупно 62 пациенти, од кои 57 се позитивни на Ковид-19, двајца сомнителни и тројца пациенти со негативни тестови. Од нив 22 пациенти се на кислородна поддршка, информира портпаролот на болницата д-р Весна Неделковска Николова.

На Инфективно одделение се сместени 50 пациенти и има слободни уште четири кревети, на Физикална има девет пациенти и има уште 15 слободни кревети.

На Интерно одделение „Б“ крак се сместени само тројца пациенти, но таму се сместуваат само пациенти кои веќе го прележале Ковид, а имаат дополнителни последици од болеста, па, се оставени на понатамошно лекување.

Д-р Неделковска Николова за МИА изјави дека засега во двете ковид одделенија има здравствен персонал од овие, но и лекари и медицински сестри кои ротираат и дежураат во овие одделенија, а се од другите одделенија на болницата.

Црниот биланс на починати за жал продолжи и денеска. Утринава починал маж од Велес (51) примен на 19 ноември, а тој е 67-ми починат како последица од Ковид од почетокот на епидемијата во Велес и велешко.