Македонија
14. December 2020 - 17:34

Во велешката болница има слободни кревети на двете ковид одделенија

Во велешката Општа болница моментално вкупно хоспитализирани се 59 пациенти,од кои 50 се потврдени позитивни, непотврдени се четворица и пет пациенти се со негативни тестови. Од нив на кислородна поддршка се 27 пациенти.

Како што информира новиот портпарол д-р Елеонора Јованова, на Инфективно одделение се хоспитализирани 43 пациенти има слободни кревети на Физикална 14, и исто така има слободни кревети.

На Интерно одделение Б крак има два пациента кои се лекуваат со последици по прележан ковид.