Македонија
24. July 2017 - 17:19

Во Велес зголемен број на повици во Брзата помош

Повеќепати е зголемен бројот на повици на граѓани кои поради проблеми со здравјето побарале итна медицинска помош во Службата за Итна помош во Велес.

Доктор Јадранка Мишкова од Итната помош во Велес посебно зголемен бројот на повици е кога дневната температура нагло расте како и што е и последниве денови.

-Најголем дел од граѓаните се јавуваат кај нас или доаѓаат и бараат Итна медицинска помнош поради акутни фебрилни инфекции, а има и зголемен број на пациенти со проливи и повраќања. Медицинска помош бараат и хронично болните и тие со висок и низок притисок. Воедно поради високите температури и неконсумирање на доволно течности имаме и доста граѓани кои доживуваат колапс, информира Мишкова.

Таа ги советува граѓаните да избегнуваат движење надвор во периодот од 12 до 17 часот, да консумираат што повеќе вода и течности и лесна храна богата со овошје и зеленчук.