Македонија
24. јуни 2017 - 10:16

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Познатиот уличен фестивал „Баскерфест“ по петти пат синоќа во Велес започна во Младинскиот парк на две сцени на отворено, во амфитеатарот и на горното плато.

Пред бројната велешка публика од сите возрасти меѓу кои најбројни беа децата и младите „Баскерфест“ ја пречека публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.

Претставите беа бесплатни,а на крај публиката задоволна од изведбата ги наградуваше забавувачите со силен аплауз и  по некој денар во нивните шешири- кој колку може и сака.

„Баскерфест“ со богата програма продолжува и вечерва на двете сцени на отворено во Младинскиот парк.