Македонија
29. September 2020 - 15:48

Во Велес во два наврати силувана 24 годишна девојка

Во Полициската станица Велес, 24-годишна девојка од Велес вчера пријавила дека на 20 септември  во два наврати, во хотел во Велес и во близина на река Бабуна, пријател на момче на нејзина пријателка физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.

Како што информира портпаролот на СВР Велес,  Верољуб Додевски, се работи на расчистување на случајот.