Македонија
1. April 2021 - 16:08

Во Велес тешко повреден мотоциклист откако паднал на коловозот

Вчера во 17.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, Н.П.(28) од Велес, управувајќи мотоцикл „сузуки“, со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот, информираат од МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.