Македонија
29. October 2020 - 15:05

Во Велес среде бел ден ограбена 80 годишна старица во нејзиниот дом

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу околу 14.30 часот едно лице физички ја нападнало 80 годишната Љ.Б. во нејзиниот дом на улилца „Цар Самоил“ во Велес, и ѝ одзело накит и мобилен телефон.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски,  полицијата извршила увид на местото на настанот.