Македонија
13. December 2018 - 11:03

Во Велес се одржа јавна расправа од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме“

„ЈАДРО“-независната културна сцена која во јавно цивилнопартнерство има простории во Општина Центар во Скопје, од јануари во самата општина  на сите заинтересирани од независната културна сцена од Скопје и другите градови ќе им понуди свој отворен  простор, а каде тие ќе може да реализираат некоја своја активност на отворено.

Активностите на „ЈАДРО“ преку овој завршен проект синоќа беа презентирани во Велес, пред заинтересирани културни творци од повеќе области.

Како што појасни за МИА Христина Ивановска Чаловска оваа нивна активност ќе се реализира преку отворен календар.

-Отворениот календар ќе биде видлив  и секој ќе може да кликне и да напише што би сакал да го  реализира преку  некоја своја програма или активност. Да потенцирам дека  секој што е заинтересиран, ние нема да имаме приоритети и нема да имаме елитизирање на културата, односно на секој на кој му треба простор вклучувајќи ги и граѓаните кои живеат во околината во оваа месна заедница каде се наоѓа нашата канцеларија во Скопје. На тој простор сите заинтересирани од културната сцена од земјава слободно  ќе можат да понудат одредена активност која би сакале да се случува на тој простор,појасни Ивановска Чаловска

Воедно најави дека вакви независни центри наскоро ќе се отворат и во други градови во земјава.