Во Велес се намалува бројот на заболени од сезонски грип
Според податоците од Центарот за јавно здравје во Велес минатата недела се регистрирани 58 заболени од сезонски грип, што е најмалку од почетокот на годинава.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова информира дека во првата недела од јануари имало 210 заболени, а во втората недела 75 заболени или вкупно за три недели во Велес се регистрирани 343 заболени од сезонски грип.
- Споредено со декември кога имаше 1.756 заболени, бројот на болни во јануари се намалува. Опасноста од сезонски грип е се уште приусутна, затоа што од понеделникот почна второто полугодие за учениците. За тоа како ќе се движи бројот на заболени ќе сумираме на почетокот на идната недела, потенцира д-р Трајкова.
Таа информира дека стручни екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје, според препораките на Министерството за здравство, со цел да се сузбие сезонскиот грип и овчите сипаници-варичелата, од крајот на декември до минатата недела извршиле дезинфекција на сите градинки и училишта во Велес. Неделава дезинфекција се изведува и во училиштата во селата во поширокиот велешки регион.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација