Македонија
2. January 2020 - 18:40

Во Велес првороденото бебе е женско

Првото бебе родено во 2020 година во Велес е женско. Градоначалникот Аце Коцевски денеска на Гинеколошко – акушерското одделение во Општата болница во Велес го посети првороденото бебе и неговата мајка 24- годишната Марија Иванова и им подари 200 евра и пригодни подароци. Бебето е женско се вика Изабела. Бебето се роди утрово во 9:08 минути со царски рез, тешко е 3 килограми 420 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето го изврши д-р Силвија Богоевска.

Таа за медиумите изјави дека мајката и бебето се добри и добро се чувствуваат, а тоа го потврди и педијатарот Дончо Дервишов.

Инаку на родилката Марија Иванова ова и е второ бебе. Таа веќе има двегодишен син Давид.

Градоначалникот Аце Коцевски и го честита на мајката Марија Иванова новороденчето и и посака здравје и среќа нејзе и на бебето.Тој воедно посака во градот да се раѓаат што повеќе нови велешанчиња,а младите да не се иселуваат туку тука да го градат својот живот и да имаат деца.

Инаку во 2019 година на оваа одделени при велешата Општа болница се родени вкупно 473 бебиња од мајки од Велес, Градско и Чашка,како и од соседните општини Свети Николе Неготино, па и Кавадарци и Демир Капија.

Инаку дел од велешките родилки,оние со потешки бремености како и во изминатите години и лани се породиле во клиниките во Скопје.