Македонија
12. January 2016 - 15:18

Во Велес прва зимска акција за доброволно дарување крв, собрани над 70 крвни единици

Во првата за годинава солидарна акција за доброволно дарување крв  или насловена како „зимска“, што денеска во Ликовниот салон во Велес заеднички ја оганизираат Општинскиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, досега се собрани 70 крвни единици.
 
Лидија Сланева Стојановиќ од Општинскиот Црвен крст, за МИА информира дека поради зголемениот интерес на граѓаните на Велес за учество во хуманата  акција, а која беше најавена да трае до 14 часот, таа е продолжена и се уште е во тек.
 
- Има се уште граѓани кои чекаат ред доброволно да даруваат крв и да спасат нечиј живот во опасност.Со ова велешките крводарители само потврдуваат дека се едни од најхуманите во земјава, потенцира Сланева Стојановиќ.
 
Инаку, таа очекува до крајот на акцијата  денеска да се соберат околу 90- тина крвни единици.