Во Велес протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва пред споменикот на Панко Брашнаров во Велес го одржа шестиот протестен марш, кој поддржан од мноштво граѓани продолжи низ главната велешка улица до центарот на градот кај спомениците на Коста Солев Рацин и на Коњаникот посветен на велешките Илинденци.
Учесниците и вечерва, како и изминатите пет дена во голем број мирно и достоинствено ја искажааа својата одлучност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на Република Македонија во одбрана на Уставот, името на државата, грбот и знамето.
Пред споменикот на Коста Солев Рацин во центарот на Велес на присутните им се обрати новинарот Киро Василев. Тој ги повика Македонците заедно да си ја зачуваат државата и да го одбранат Уставот, името на државата, грбот и знамето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица