-->
-->
Во Велес од 5-9 јули ќе се одржи 13-от Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2016
-->
Од 5 до 9 јули на сцената на амфитетарот во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи 13 – от Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2016.
Како што најави на денешната прес-конференција Томе Јаневски претседател на Организациониот одбор, годинава на фестивалот ќе земат учество 21 ансамбл од земјава и странство: од Мексико, Србија, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Грција и македонски ансамбли од Австралија.
На фестивалот ќе настапат и македонските ансамбли:„Китка“ од Истибања“, „Бојмија“ од Гевгелија, „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, Младинскиот клуб на Мажоретки од Скопје и Младинскиот црковен хор од Велес,како и велешките фолклорни ансамбли: „Керамичар“,„Коле Недлековски „Вила зора“ „Распеани велешани“ и „Распеани пензионери“.
- Фестивалот и годинава ќе стартува со дефиле низ велешките улици на 5. јули, а потоа во 20,30 минити на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк свечено ќе биде отворен,а кој ќе трае пет фестивалски вечери, информира Јаневски.
Инаку овој Фолклорен фестивал кој е веќе традиционален е еден од најпосетените културни манифестации на велешани секое лето, а со учество на се’ поголем број на фолклорни ансамбли од земјава и странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк