Во Велес до 17 часот одѕивот на гласачите 40,02 проценти, во Општина Градско 46 и во Општина Чашка 45 проценти
Од вкупно 45.989 гласачи регистрирани во избирачкиот список, до 17 часот во Општина Велес гласале 40,02 проценти на 84 избирачки места.
Според Општинската изборна комисија, на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно во демократска атмосфера и без инциденти.
Во Општина Градско од вкупно 3.136 гласачи на 11 избирачки места до 17 часот на гласање излегле 1.437 или 46 отсто.
Како што информира Мери Седмакова, претседател на ОИК Градско, на сите избирачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера и без инциденти.
-Во Општина Чашка од вкупно 6.101 гласач на 30 избирачки места до 17 часот гласале 45 проценти од гласачите, информира за МИА Марјан Јовановски претседател на ОИК Чашка.
Според него, во сите изборачки места во Општина Чашка изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и без инциденти.
Воедно од сите ОИК Велес, Градско и Чашка ги повикуваат граѓаните кои се уште не гласале да го остварат своето граѓанско право на глас на избирачките места, што се отворени до вечерва до 21 часот.
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје