Македонија
12. August 2020 - 18:09

Во Велес денеска нема регистрирани нови случаи на Ковид-19, а има двајца оздравени од велешката болница

Според Центарот за јавно здравје во Велес денеска нема ново регистрирани случаи со Ковид-19, а активни на болеста  се 25 лица. Од велешката ЈЗУ Општа  болница, како што информира,портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, денеска се оздравени две лица, едниот бил покасно испишан па затоа не е внесен во денешниот биланс на оздравени.

Таа информира дека на Одделението за инфективни болести при ЈЗУ Општа болница во Велес на лекување се 18 пациенти од кои 16 се со потврден тест, а двајца се сомнителни и чекаат резултати по направен тест. Освен од Велес, во одделението се лекуваат и пациенти од Градско, Свети Николе и Кавадарци.