Македонија
11. December 2016 - 15:09

Во Велес 37 отсто излезност до 13 часот

Во општина Велес од регистрирани 46.394 гласачи на 84 избирачки места, до 13 часот гласале 37 отсто од избирачите. 

Претседателот на ОИК Лили Велковска информира дека според нејзиниот увид во избирачките места и увидот на нивни мобилни екипи кои постојано се на терен, изборите засега се одвиваат без проблеми.

- Таму каде што се јавиле некои нерегуларности, ние веднаш ги проверуваме и реагираме, а приговорите ги проследуваме понатаму до ДИК, појасни Велковска.

Таа информира дека избирачките места во општина Велес ги посетиле и набљудувачи од ОБСЕ, а набљудувачите на МОСТ се распоредени во текот на целиот ден на сите избирачки места во општината.

За гласање вчера во општина Велес биле пријавени 216 болни и изнемоштени лица и 39 затвореници, од кои дел биле препратени за гласање во други општини.