Свет
13. July 2016 - 8:30

Во Вашингтон идната недела средба на коалицијата што се бори против ИД

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер и високи претставници на останати држави во коалицијата што се борат против ИД, ќе имаат средба на 20 јули крај Вашингтон за да разгледаат детали од воената кампања, соопшти Пентагон.

На втората таква средба поканети се минстри за одбрана на 34 држави кои се дел од коалицијата како и НАТО, наведува американското Министерство за одбрана.

Пентагон најави дека средбата во воена база во Мериленд ќе се одржи во многу важен момент во борбата против џихадистите и по посетата на Картер на Багдад каде најави зголемување на поддршката за да се забрза кампањата.