Во Вардар под Гевгелија заврши годинашната „Вардарска регата Гемиџии“
Шеесетината учесници на „Вардарската регата Гемиџии“ со неколку гумени чамци и една дрвена гемија по четиридневно пловење по Вардар попладнево пристигнаа во близина на мостот под Гевгелија каде беше целта на регатата.
Со тоа заврши годинашната 19-та или седма возобновена „Вардарска регата Гемиџии“ што ја организира Општина Велес.
На целта, како и во изминатите години, учесниците ги пречека и им посака добредојде Иван Франгов, градоначалник на Општина Гевгелија заедно со претставници на Општина Велес. Вардарската регата по традиција заврши со заеднички ручек кој на учесниците им го приредија домаќините, а на која освен од Велес имаше и учесници од Ниш, Србија.
Ангелче Гушев, одговорен за регатата, изјави дека се поминало во најдобар ред и покрај пеколните горештини по кои пловеле по Вардар во изминатите четири дена на четири етапи: од Велес до Криволак, од Криволак до Демир Капија, од Демир Капија до Марвинци и денеска од Марвинци до Гевгелија.
- Учесниците беа дисциплинирани и за среќа кај нив немаше поголеми изгореници од сонцето, потенцира Гушев.
Тој потсети дека „Вардарската регата Гемиџии“ како и во изминатите години е во чест на славните Гемиџии од 1903 од кои поголем дел биле млади интелектуалци од Велес, а кои своите млади животи ги дале како саможртва за да го привлечат вниманиетпо на Европа за поробена Македонија.
Токму барањето да се промени името на регатата „Гемиџии“ како што изјави Гушев било едно од пречките, а кои на организаторите на регатата на заедничка средба им ги поставил солунскиот градоначалник за да можат да пловат се до Солун, што тие не го прифатиле.
И годинава по Вардар пловеше и една дрвена гемија - реплика на онаа од крајот на 19 и почетокот на 20 век, а со која велешките трговци носела разновидна стока низводно Вардар од Велес до Солун.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово