Балкан
21. August 2017 - 9:02

Во Валона запленети 700 килограми марихуана

Полицијата од албанскиот приморски град Валона спречи обид за шверц на 700 килограми дрога, која требало за биде транспортирана за Италија.

Дрогата била откриена во селото Акерни, на морскиот брег, во близина на Валона, пакувана во 28 пакети и подготвена за танспорт. Полицијата трага по сопствениците на дрогата.

Ова е втора голема количина на заплената марихуана од страна на албанската полиција за едно деноноќие. Претходно, во хотел во селото Поќера, кај приморското градче Химара, заплени 422 килограми марихуана.

Албанска марихуана заплени и грчката гранична полиција во регионот на Костур. Во зелениот појас на грчко-албанската граница полицијата со термички камери забележала пет лица со торби, по што почнала да ги следи.

Во акцијата запленила 78 килограми марихуана и уапси две лица ,албански државјани, а три лица успеале да побегнат на албанска територија.