Свет
21. October 2020 - 11:49

Во Унгарија 1.423 новозаразени со коронавирус, 48 лица починаа

Во Унгарија, во последните 24 часа биле потврдени 1.423 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале.

Во таа земја во моментов има 34.016 активни случаи, пренесува МТИ.

Од почетокот на епидемијата во Унгарија се заразени вкупно 50.180 лица, од кои 1.259 починаа.

Досега во земјата се тестирани 919.481 лице.